Долгиот период на суша во јули имаше значително влијание врз падот на производството на електрична енергија во хидроцентралите во Австрија.

Според операторот за пренос на електрична енергија АПГ, производството од хидроенергија во јули е намалено во однос на истиот месец лани за цели 31 процент.

Поради тоа, Австрија мораше да увезува три пати повеќе електрична енергија од просекот во изминатите четири години – изјави директорот на АПГ Герхард Кристинер.

Според соопштението на АПГ, во јули минатата година, околу 96 отсто од потрошувачката на електрична енергија во Австрија била покриена со обновливи извори на енергија, а годинава поради сушата само 77 отсто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.