Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека Европа се соочува со нова безбедносна реалност по руската инвазија на Украина, потврдувајќи ја одлуката на Алијансата да ги активира одбранбените планови во Источна Европа.
Тоа ќе биде нова Европа по инвазијата што ја видовме денеска – изјави Столтенберг на прес-конференција по вонредниот самит на НАТО.
Столтенберг изјави дека Русија испланирала „ладнокрвна“ инвазија додека НАТО се стреми кон дипломатско решение за украинската криза, додавајќи дека Алијансата нема намера да испраќа сили во Украина.
Немаме војници на НАТО во Украина и немаме никакви планови да испратиме војници на НАТО во Украина – изјави Столтенберг на прес конференцијата по итниот состанок на амбасадорите на Алијансата.
Тој предупреди дека рускиот напад врз Украина ќе влијае на односите на Москва со НАТО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.