Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, порача дека Алијансата не треба да ја потценува Русија по последните настани, односно маршот на групата „Вагнер“, предводена од Евгениј Пригожин.

Сите ги видовме настаните од изминатиот викенд. Тоа е внатрешна работа на Русија… Сепак, не треба да ја потценуваме Русија“, изјави Столтенберг.

Тој истакна дека земјите од НАТО треба да и дадат максимална поддршка на Украина за вооружените сили на Украина да можат да заземат што повеќе територии и со топа да ја зајакнат преговарачката позиција на Киев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.