Денеска кога одбележуваме две години откако руските тенкови навлегоа на украинска територија и започна најголемата војна во Европа по Втората светска војна, ситуацијата на бојното поле останува исклучително сериозна, а целта на претседателот на Русија, Владимир Путин да доминира во Украина не е променета и нема индиции дека се подготвува за мир, порача генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг по повод втората годишнина од почетокот на руската агресија врз Украина.

– Украина повторно и повторно покажува извонредна способност и жестока решителност. Украина не пропадна за неколку недели, како што многумина стравуваа дека ќе се случи.

Повторно зазеде половина од територијата што ја освои Русија.

Ја потисна Русија од големи делови на Црното Море и им нанесе големи загуби на руските сили, наведе во изјавата Столтенберг, оддавајќи им почит на, како што рече, „сите оние храбри Украинци кои загинаа или беа ранети во одбрана на својата татковина“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.