Американската влада даде зелено светло за продажба на борбени авиони Ф-16 на Турција и Ф-35 на Грција, откако официјална Анкара го ратификуваше приемот на Шведска во НАТО претходно оваа недела.

Како што налага американскиот закон, Стејт департментот официјално го извести Конгресот дека ги одобрува двата договора.

Законодавниот дом, кој има рок да ги разгледа и доколку се сомнева, да ги блокира, најверојатно ќе ги одобри.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.