Банкарската службеничка Лиза (26) седи на компјутерот на нејзиното работно место во филијалата на банката Крајспаркасе во Лудвигсбург (покраина Баден-Виртемберг). Таа носи ракавици без прсти и е зафатена со пишување на компјутер, но младата жена не носи ракавици поради мода, туку за да не и биде студено. Тоа е така, затоа што банката морала да го намали греењето на своите простории, пишува „Феникс магазин“.

Крајспаркасе во Лудвигсбург се смета за „јавна“ институција, а според законот, греењето во канцелариите во Германија мора да се намали на 19 степени. За да не смрзнуваат вработените во банката, управата им поделила 1.200 јакни и ракавици.

Некои соби воопшто не се загреваат

Германските медиуми јавуваат дека се работи за супер акција, бидејќи во банката одамна не е топло.

Преземени се бројни мерки за заштеда на енергија. Во летниот период системите за климатизација се намалуваат или целосно се исклучуваат. Веќе со недели, во главната канцеларија светлата се гасат во 19 и 22 часот. Само светлата за итни случаи остануваат запалени.

Медиумите велат дека годинава нема светлечки џамбо постери и новогодишни украси. Во работните простории температурата е спуштена на 19 степени, ходниците, скалите и ходникот веќе воопшто не се загреваат.

Што велат вработените за новите мерки?

Регионалниот директоир на банката, вели дека вработените биле ентузијасти за одлуката и се радувале на топлите јакни.

На почетокот е чудно, но сакам да носам ракавици за да штедам енергија“, изјавила вработената во банката, Лиза.

За заштеда на енергија реагираше и Стадшпаркасе Аугсбург (Баварија), кој ги олабави регулативите за облеката на своите вработени.

Пониските температури во просториите бараат и од вработените да се облекуваат потопло. Во студените денови, вработените во Стадшпаркасе можат да работат без инаку потребната банкарска облека“, велат од банката.

Едноставно кажано, банкарските службеници смеат да носат секојдневни топли чевли наместо салонки. Исто така, наместо сако, може да носат потопла јакна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.