Во Овалната соба во Белата куќа во тек е средба меѓу американскиот и украинскиот претседател Џо Бајден и Володимир Зеленски. На почетокот на средбата Бајден му рече на Зеленски дека би бил „божиќен подарок“ на рускиот Владимир Путин доколку Конгресот не успее да усвои нова воена помош за Киев.

– Ние ќе застанеме на ваша страна, му рече Бајден на украинскиот претседател.

И покрај напорите на американскиот претседател да ја смири загриженоста, републиканците се уште се против пакетот помош од 61 милијарда долари за Украина.

Зеленски им се заблагодари на Америка и другите сојузници за поддршката на Украина. Тој рече дека „Украина може да победи“ против Русија и конкретно го спомна поразот на руските сили во Црното Море. Нагласи дека сака да го зајакне украинскиот систем за воздушна одбрана, кој останува клучен за одбрана на цивилното население во земјата.

Ова е седма средба меѓу Бајден и Зеленски и е трета посета на Зеленски на Вашингтон од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.


Извор: МИА


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.