Aмериканскиот весник „Волстрит журнал“ објави опширна анализа за причините за украинската криза, којашто покажува дека украинскиот претседател, Володимир Зеленски, имал шанса да избегне воен конфликт.
Весникот се повикува на инсајдерски информации од маргините на Минхенската безбедносна конференција, на која украинскиот претседател пристигна на 19 февруари. Според „Волстрит журнал“, Германија, претставувана од канцеларот Олаф Шолц, се обидела да го реши проблемот по мирен пат.
Шолц тогаш се обидел да го реши конфликтот меѓу Москва и Киев. Тој му рекол на Зеленски дека Украина треба да се откаже од своите аспирации за НАТО и да прогласи неутралност како дел од поширокиот договор за европска безбедност меѓу Западот и Русија – пишува весникот.
Според предлогот на Берлин, потоа требало да се потпише пакт со кој САД и Русија заеднички ќе ја гарантираат безбедноста на Украина.
Сепак, на таквиот предлог, Зеленски одговорил дека на Путин не може да му се верува и дека повеќето Украинци сакаат да влезат во НАТО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.