Спасувачите успеале да извлечат мајка и три деца кои биле затрупани под урнатините во градот Идлиб во Сирија. Нивното спасување е одбележано со силни радосни извици од бројните спасувачи.
Во Салкин, недалеку од Идлиб, извлечено е живо девојче кое било затрупано повеќе од 40 часа.
На социјалните мрежи се појави снимка од момче од Сирија кое се снимило под урнатините чекајќи помош, но не се знае дали е спасено.
Го снимам ова видео, не знам дали ќе преживеам или ќе умрам. Ако ова видео се сподели, значи дека преживеав. Не можете да го знаете ова чувство ако не сте го доживеале ова. Само оние кои биле под урнатините можат да го разберат ова – вели момчето.
(VIDEO) Members of White Helmets civil defense agency rescued a mother and three children from collapsed building in earthquake-hit Idlib city of Syria https://t.co/lowN6tT7TX pic.twitter.com/HDBS9kkU05
— ANADOLU AGENCY (@anadoluagency) February 8, 2023
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.