Советот за безбедност на Обединетите Нации соопшти дека во среда ќе ја разгледа одлуката на Меѓународниот суд на правдата, кој го повика Израел да спречи каков било можен чин на геноцид во Газа. Состанокот ќе се одржи во 16 часот по локално време, на барање на Алжир.
Алжирското Министерство за надворешни работи соопшти дека состанокот треба да даде „обврзувачки ефект на одлуката на Меѓународниот суд на правдата за привремените мерки наметнати на израелската окупација“.
Највисокиот суд на Обединетите нации вчера не нареди прекин на огнот во Појасот Газа, но побара од Израел да ги преземе сите мерки за да ги спречи неговите сили да извршат геноцид во палестинската енклава.
Процесот против Израел за геноцид го покрена Јужна Африка, која побара од Меѓународниот суд на правдата да му нареди на Израел да ја прекине својата воена операција во Појасот Газа.
Меѓународниот суд на правдата одлучи да не го отфрли случајот и нареди шест таканаречени привремени мерки за заштита на Палестинците во Газа.
Израел ги отфрла обвинувањата за геноцид и бара од судот да го стори истото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.