Џорџ Сорос купува голем удел во втората по големина радио компанија во САД, „Аудаси“, која поседува повеќе од 220 станици низ целата земја, пишува „Дејли мејл“.

Фондацијата на милијардерот Сорос купила долг од 400 милиони долари од „Аудаси“, која е број 2 во САД за емитување на „iHeartMedia“ со станици вклучувајќи ги њујоршките „WFAN“ и „1010 VINS“, како и „KROCK“ од Лос Анџелес, покажуваат документите за стечај на „Аудачи“.

Републикански извор, за публикацијата изјавил дека верува оти Сорос можеби купува акции за да влијае на јавното мислење во САД во месеците пред претседателските избори годинава.

Тоа би било страшно“, им рекол изворот на новинарите.

Извори за „Д Пост“ изјавиле дека уделот на Сорос е еднаков на околу 40% од главниот долг на компанијата, што може да обезбеди ефективна контрола на медиумскиот гигант откако ќе излезе од банкрот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.