Сопругот на Ирма Гарсија, една од двете учителки убиени во масакрот во училиштето во Тексас, два дена по трагедијата почина од срцев удар. Информацијата на „Твитер“ ја објави нејзиниот внук Џон Мартинез, а веста ја пренесоа американските медиуми.
Со длабока жалост морам да ви кажам како од тага почина сопругот на тетка ми Ирма, Џо Гарсија. Немам зборови да опишам како се чувствуваме, молете се за нашето семејство. Боже, смилувај ни се, ова не е лесно, напиша Мартинез.
EXTREMELY heartbreaking and come with deep sorrow to say that my Tia Irma’s husband Joe Garcia has passed away due to grief, i truly am at a loss for words for how we are all feeling, PLEASE PRAY FOR OUR FAMILY, God have mercy on us, this isn’t easy pic.twitter.com/GlUSOutRVV
— john martinez ❤️🔥 (@fuhknjo) May 26, 2022
Гарсија отишол да ѝ остави цвеќе на својата трагично почината сопруга. Кога стигнал дома, паднал.
Мојата тетка Ирма и Џо Гарсија се заедно од средно училиште и зад себе оставија четири прекрасни деца. Тие имаат 23, 19, 15 години, а најмладата има само 13 години, напиша Мартиназ на Твитер.
Гарсија работела во училиштето 23 години.
Таа се жртвуваше за да ги заштити децата во својата училница“, напиша нејзиниот внук на Твитер и додаде: „Таа умре како херој, многумина ја сакаа и на сите навистина ќе ни недостига“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.