Министерот за економија на Словачка, Ричард Сулик, изјави дека неговата земја ќе ги прифати условите на Русија за испорака на гас затоа што не смее да си дозволи запирање на испораката на енергенси од Руската Федерација.

Испораката на гас од Русија не може да се запре. Доколку се постави условот да се плаќа во рубљи, ќе платиме во рубли – истакна Сулик.

Како што истакна тој, Словачка набавува околу 85 отсто од вкупниот гас од Русија. Како што напоменува Сулик, потребна е диверзификација на снабдувањето со гориво, но тоа ќе трае неколку години.

Претходно, премиерот на Словачка, Едуард Хегер, изјави дека купувањето руски гас во рубљи ќе ја продлабочи финансиската и енергетската зависност на неговата земја од Русија.

Претходно оваа недела, рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за трговија со гас со непријателските земји во рубли.

Балтичките земји престанаа да увезуваат руски природен гас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.