Поранешен полицаец во Велика Британија е осуден на доживотен затвор за силување и сексуален напад врз десетици жени во период од 17 години. Дејвид Керик (48), лондонски полицаец од 2001 година, минатиот месец призна дека сериски ги силувал жените.
Керик се изјасни за виновен за 49 кривични дела, вклучително и 24 точки од обвинението за силување и обид за силување во периодот од 2003 до 2020 година.
Судијата Боби Цима-Груб на рочиштето изјави дека поранешниот полицаец „монструозно искористувал жени“ притоа претставувајќи се како пристојна и доверлива личност. Судијата изјави дека Керик се обидел да си го одземе животот додека бил притворен во затвор со висока безбедност во Лондон.
Полицијата им се извини на жртвите откако се дозна дека меѓу 2000 и 2021 година, против Керик биле поднесени девет наводи за силување и други злосторства.
Тој беше суспендиран од полициските сили дури откако беше уапсен под обвинение за силување во 2021 година.
Властите извршија силен притисок врз полицијата да ја реформира својата култура и стандарди по серијата обвинувања за мизогинија и расизам во нејзините редови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.