Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, пред вонредниот состанок на министрите за енергетика на ЕУ порача дека предложеното ограничување на цената на рускиот гас е спротивно на интересите на Европа и Унгарија.

Планот со кој ќе се воведе ограничување на цената само за рускиот гас преку гасоводот е целосно против европските и унгарските интереси – порача Сијарто во видео снимка на Фејсбук.

Тој додаде дека тоа веднаш ќе доведе до прекин на испораките на руски гас и дека „не е потребна Нобелова награда за да се сфати тоа“.

Ова утро ќе дадеме се од себе за Брисел конечно да разбере дека снабдувањето со гас не е идеолошко ниту политичко прашање, туку физичка реалност – вели Сијарто.

Чешка, која претседава со Унијата, соопшти дека се обидува да го отстрани од дневниот ред прашањето за ограничувањата на цената на рускиот гас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.