Кинескиот претседател Си Џинпинг му рекол на својот американски колега Џозеф Бајден дека прашањето за Тајван е црвена линија во односите меѓу Пекинг и Вашингтон.
Си ова му го рекол на Бајден на маргините на неодамнешниот самит на Г20 во Индонезија, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи на својата интернет страница.
– Кинескиот лидер јасно стави до знаење дека тајванското прашање е клучен интерес на Кина, политичка основа и главната црвена линија која никој не може да ја помине, се вели во соопштението.
Ситуацијата околу Тајван ескалира на почетокот на август, откако претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, го посети островот.
Кина ја осуди посетата, опишувајќи ја како поддршка на тајванскиот сепаратизам и по посетата одржа големи воени вежби во Тајванскиот теснец.
Пекинг не го признава суверенитетот на Тајван, го смета за своја територија и инсистира „политиката на една Кина“ да се почитува во целиот свет
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.