Шведскиот крал Карл Шеснаесетти Густав и кралицата Силвија се позитивни на Ковид-19, потврди денеска кралската палата во Стокхолм.

Кралот и кралицата, кои се целосно вакцинирани со три дози, имаат благи симптоми и се чувствуваат добро, со оглед на околностите“, се наведува во соопштението на палатата.

Кралската палата во Стокхолм објави и дека кралот (75) и кралицата (78) се во самоизолација и дека се работи на пронаоѓање на луѓето со кои биле во контакт.

Шведска постави дневен рекорд по бројот на нови инфекции со коронавирус, бидејќи на 30 декември регистрираше 11.507 случаи, а претходниот рекорд од 11.376 случаи беше на крајот на декември минатата година.

Новиот бран, делумно предизвикан од позаразната варијанта на омикрон сојот, ја погоди Шведска подоцна од соседните земји, но во последните недели доведе до нагло зголемување на случаите на новозаразени и на хоспитализирани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.