Шведската влада најави дека ќе екстрадира во Турција приврзаник на Курдистанската работничка партија (ПКК), кој бил осуден за шверц на дрога во својата земја, исполнувајќи го де факто условот што го постави Анкара за влез на Шведска во НАТО.

Владата одлучи да ја одобри екстрадицијата на 35-годишниот турски државјанин“, изјави претставник на Министерството за правда.

Овој 35-годишен Курд е симпатизер на ПКК и на Демократската партија на народите (ХДП), а во 2014 година бил осуден на четири и пол години затвор во Турција, откако бил откриен со вреќа полна со марихуана. Откако бил ослободен порано во 2018 година поради добро однесување, тој заминал во Шведска. Тој бил уапсен таму на крајот на август 2022 година на барање на Анкара, која барала негова екстрадиција за да го издржи остатокот од казната.

Шведскиот Врховен суд на почетокот на јуни пресуди дека нема пречки за негова екстрадиција и дека Шведска со тоа не ги прекршува ниту шведските закони ниту Европската повелба за човекови права. Обвинетиот тврди дека Анкара го прогонува само поради неговата политичка инволвираност, односно промовирање на курдското прашање.

Турција веќе 13 месеци го блокира влезот на Шведска во НАТО поради попустливост кон курдските активисти на нејзина територија. Анкара бара десетици поддржувачи на ПКК кои живеат во Шведска, а кои ги смета за терористи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.