Шведска и Финска утре заедно ќе ги поднесат своите барања за членство во НАТО, изјави денеска шведската премиерка Магдалена Андерсон.

Во Шведска и Финска се согласуваме да одиме рака под рака низ целиот овој процес, а утре ќе поднесеме барања, рече Андерсон на заедничката конференција со финскиот претседател Саули Нинисто во шведскиот главен град.

Финскиот парламент во вторникот гласаше за влез во НАТО со огромно мнозинство од повеќе од 95 отсто од гласовите, дозволувајќи му на Хелсинки да испрати формална апликација за членство до седиштето на Алијансата.

Финскиот Парламент денеска гласаше за влез во НАТО со огромно мнозинство од повеќе од 95 отсто од гласовите, дозволувајќи му на Хелсинки да испрати формално барање за членство до седиштето на Алијансата.

И шведската министерка за надворешни работи Ан Линде денеска го потпиша барањето на нејзината земја за членство во НАТО.

Иако Финска и Шведска се историски неутрални, руската инвазија врз Украина радикално го промени јавното мислење за приклучување кон воениот сојуз.

Со исклучок на Анкара, другите членки на НАТО ја поддржуваат кандидатурата на двете земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.