Шведска го екстрадирала во Турција Махмут Тат, првиот човек осуден за членство во Курдска работничка партија (ПКК), која за Анкара е терористичка организација.
Тат, кој во Турција е осуден на шест години и 10 месеци затвор, синоќа е донесен во Истанбул и одведен во притвор.
Тат поднел барање за азил во Шведска во 2015 година, но тоа било одбиено, а неодамна бил приведен од шведската полиција.
Тоа е прв конкретен чекор на Шведска во реализација на меморандумот за членство во НАТО, потпишан со Турција во јуни, што вклучува екстрадиција на лица вклучени во терористички активности.
Екстрадицијата на Тат доаѓа два дена по разговорите меѓу министрите за надворешни работи на Турција и Шведска на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Букурешт.
Шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу по средбата истакна дека Анкара ја почитува одлучната намера на Шведска да влезе во НАТО, но дека очекува конкретни чекори во спроведувањето на договорот за екстрадиција на терористите во Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.