Крокодил грабнал и изел едногодишно момче, а тешко го повредил и татко му, додека човекот и детето веслале по река во Малезија.

Малото момче било грабнато од кану додека со татко му ловеле риба во Сабах. Неговиот вознемирен татко (40) се обидел да го одбрани, но крокодилот лесно го совладал. Човекот успеал да стигне на брегот со повеќекратни рани, вклучително и ужасно каснување на главата.

Селаните го извлекле членот на племето Палаух од реката, но крокодилот веќе го одвлекол неговиот син во длабочините. Подоцна се појавил на површина со осакатено тело на малото дете во вилиците пред да потоне назад во водата.

Водачот на спасувачката екипа, Сумсо Рашид, наведува дека потрагата по телото се уште е во тек.

Таткото се здоби со сериозни повреди на главата и телото. Неговиот син се уште е исчезнат, а потрагата е во тек. Мажот е префрлен на лекување во болницата Лахад Дату – рекол Рашид.

Малезиската кралска полиција и поморската полиција и се придружиле на локалната противпожарна служба во потрагата по телото на момчето. Официјалните лица, исто така, ги предупредиле селаните кои живеат покрај реката да се држат подалеку од водата поради ризикот од нов напад на крокодил.

Многу жители се потпираат на реката за храна и егзистенција, па мораат да влезат во водата. Ги предупредивме на дополнителни опасности во овој момент и да бидат особено внимателни бидејќи крокодилот најверојатно се уште ќе биде во областа – додава Рашид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.