Естонија, земја-членка на НАТО која граничи со Русија, ќе ги зајакне своите одбранбени капацитети со купување на високотехнолошкиот американски ракетен систем ХИМРАС.

Договорот, кој е најголемиот проект за набавка на оружје во историјата на оваа балтичка земја, е вреден повеќе од 200 милиони долари. Договорот вклучува и муниција, како и обука за управување со системот.

Предвидено е американската компанија „Локхид Мартин“ да почне со испорака на системот во 2024 година.

Соседите на Естонија, Летонија и Литванија веќе го купија или исто така се во процес на купување на артилерискиот ракетен систем ХИМРАС.

По почетокот на руската воена операција во Украина, САД испорачаа ракетни системи за украинската војска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.