Соочен со се поголемата недоверба од германските граѓани, канцеларот Олаф Шолц, отвори официјален профил на социјалната мрежа ТикТок, со цел што повеќе да се приближи, пред се до помладите Германци.

Затоа, прес-службата на Олаф Шолц, најави дека со отворањето профил на ТикТок, ќе се прикаже работата на владата „зад сцената“, со што ќе биде поотворена и попристапна за граѓаните.

Самиот Шолц, пак, вети дека на профилот на социјалната мреѓа нема да објавува видеа со танцување.

Една неодамнешна анкета покажа лоши резултати за популарноста на Шолц, само 20% од испитаниците ја поддржуваат неговата политика, додека повеќе од 70% изразуваат неодобрување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.