Претседателот на Таџикистан, Емомали Рахмон, ги повика своите сограѓани да ги воспитуваат своите деца на начин што „нема да ја валка честа на таџикистанскиот народ“.

Ваквата порака на претседателот Рахмон доаѓа откако државјани на Таџикистан учествуваа во терористичкиот напад во „Крокус“ центарот во Москва, кога загинаа над 140 луѓе.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, претходно изјави дека нарачателите на терористичкиот напад во „Крокус“ со терористичкиот напад и изборот на извршителите сакале да ја поделат Русија со предизвикување раздор на национална основа.

Путин им пораќа на граѓаните дека „не смеат да го дозволат тоа“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.