Германскиот канцелар Олаф Шолц е против идејата шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да стане генерален секретар на НАТО поради нејзиниот претерано критички однос кон Русија, пишуваат германските медиуми.

„Ди Велт“, извести дека неколку високи претставници на ЕУ ја потврдиле таквата информација и додале дека Шолц смета оти неговата сонародничка, Фон дер Лајен, не е погодна за улогата на генерален секретар на НАТО.

Шолц не сака Фон дер Лајен да биде номинирана за функцијата генерален секретар на НАТО од причини кои го вклучуваат и нејзиниот изразен антируски став, објави „Велт ам Зонтаг“, повикувајќи се на извори во дипломатските кругови на ЕУ.

Според весникот, американскиот државен секретар Ентони Блинкен му ја предложил кандидатурата на Урсула фон дер Лајен на претседателот Џо Бајден кон крајот на 2023 година. Америнаксиот претседател му се обратил на германскиот канцелар со таквата идеја, но Шолц ја отфрлил идејата.

Шолц беше категорично против Фон дер Лајен да стане шеф на НАТО“, забележува еден извор.

„Велт ам Зонтаг“ пишува дека од гледна точка на германскиот канцелар, Фон дер Лајен е премногу критична кон Москва, што може да има негативно влијание на долг рок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.