Германскит канџелар, Олаф Шолц, најавува дека Германија ќе испорача радарски системи во Украина за да помогне во лоцирањето на непријателската артилерија, како и на одбранбениот антивоздух систем со среден дострел „ИРИС-Т“. Ваквите најави доаѓаат по барањата на Киев, како и германските опозициски партии, за зголемување на испораката на тешко оружје во таа земја.

Шолц им рекол на пратениците дека владата одлучила да и обезбеди на Украина ракети „ИРИС-Т“ развиени од Германија заедно со другите земји од НАТО, пренесува Ројтерс.

Шолц исто така соопштил дека Германија, ќе испорача и радарски системи на Украина за да помогне во лоцирањето на непријателската артилерија.

Континуирано доставуваме од почетокот на војната – изјавил Шолц, посочувајќи на помошта од повеќе од 15 милиони парчиња муниција, 100.000 рачни гранати и повеќе од 5.000 противтенковски мини испратени во Украина од почетокот на руската воена операција на 24 февруари.

Истовремено, и американскиот претседател Џозеф Бајден, во вторникот објави дека САД ќе ѝ достават на Украина понапредни ракетни системи, нешто што го бараа украинските лидери.

Во текстот објавен во Њујорк Тајмс, Бајден изјави дека овие ракетни системи ќе и овозможат на Украина „попрецизно да ги погоди клучните цели“, пренесува Ројтерс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.