Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека заземањето на Бахмут во источна Украина ќе им овозможи на руските сили да започнат нови офанзивни операции.

Руските сили жестоко се борат со месеци за малиот град, чие заземање ќе биде нивен прв поголем напредок од минатото лето.

Шојгу рече и дека Западот ја зголемува испораката на оружје за Украина, но нагласи и дека тоа нема да го промени текот на настаните на линијата на фронтот.

„Ослободувањето на Артемовск продолжува“, рече Шојгу во телевизискиот говор, користејќи го старото советско име за Бахмут.

„Градот е важен центар за одбрана на украинските војници во Донбас. Преземањето контрола над него ќе овозможи понатамошни офанзивни дејства длабоко во украинските одбранбени линии“, рече Шојгу.

Евгениј Пригожин, шеф на паравоената група Вагнер, која се бори за градот, во петокот рече дека неговите сили „практично го опколиле“ Бахмут.

Украинските генерали ветија дека ќе продолжат да го бранат градот, изјави во понеделникот вечерта украинскиот претседател Володимир Зеленски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.