Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, на брифинг во Кремљ зборуваше за ситуацијата во Мариупол.
Шојгу тврди дека руската армија во целост го контролира Мариупол, град во кој имаше интензивни борби кои траеја околу два месеци. Рускиот министер за одбрана тврди дека руската војска „го враќа мирот“ во градот.
Шојгу додаде дека преостанатите украински сили во Мариупол се кријат и се блокирани во фабриката за челик „Азовстал“. Тој наведе дека руските сили се обидуваат „да ги убедат украинските борци да ги ослободат цивилите и да го положат оружјето“.
Рускиот министер за одбрана изјави и дека руската војска и нејзините сојузници, силите од регионите Луганск и Доњецк, земаат под контрола се повеќе територии во источна Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.