Шест деца и тројца возрасни загинале во израелски воздушен напад врз куќа во градот Рафа на југот на Појасот Газа, соопштија палестинските власти.

Рафа, во близина на границата со Египет, е прибежиште на повеќе од половина од 2,3 милиони жители на Газа, кои избегаа таму поради тековните борби на северот на палестинската енклава.

И покрај повиците од светот за воздржаност, вклучително и од САД, израелската Влада со недели најавува копнена офанзива на Рафа, каде, како што тврди, се кријат многу борци на палестинското движење Хамас, против кое Израел води војна од октомври.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.