Шефот на ЦИА пристигнал во тајна посета на Киев, објави „Вашингтон пост“.

Според весникот, директорот на американската агенција, Вилијам Барнс, за време на неговата тајна посета на Киев, се сретнал со украинскиот претседател Володимир Зеленски и раководството на украинската разузнавачка служба.

Директорот Барнс неодамна отпатува во Украина, како што тоа редовно го прави повеќе од една година. Официјални лица од Украина му кажале на шефот на ЦИА за стратегијата за повторно заземање на територијата и почеток на преговори за прекин на огнот до крајот на годината“, „Вашингтон пост“ го цитира својот извор.

Изданието, исто така дознава дека властите во Киев му кажале на Барнс за плановите на Украина да распореди артилерија и проектили во близина на Крим за можни напади на полуостровот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.