Шефот на руското надворешно разузнавање, Сергеј Наришкин, во видео порака порача дека руските разузнавачи мора да вложат максимални напори за да спречат какво било странско мешање во претседателските избори во земјата, закажани за март следната година.

Рускиот претседател Владимир Путин во текот на декември, пред воени офицери, обзнани дека повторно ќе се кандидира за функцијата. Путин, кој го наследи Борис Елцин на последниот ден од 1999 година, веќе има минато на чело на Кремљ повеќе од кој било друг лидер од Јосиф Сталин наваму, откако во меѓувреме ги надмина и 18-те години на чело на Русија на Леонид Брежњев.

Во новата година ќе има значаен политички настан – избори за претседател на Руската Федерација. Мораме да вложиме максимални напори за да спречиме можно надворешно мешање“, вели Наришкин во видеото пораката.

Путин ужива поддршка од исклучително висок процент руски гласачи – над 80 отсто. Според анкетите, актуелниот шеф на државата го обнови редот и поредокот во земјата и врати дел од влијанието што Русија го загуби за време на хаосот што го придружуваше распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.