Новиот шеф на израелската дипломатија,Израел Кац, изјави дека пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) не биле презентирани докази против неговата земја, туку „само индиции за морална војна“.

Самата Јужна Африка ги поткопува обвинувањата за геноцид поддржувајќи ја терористичката организација Хамас, која повикува на уништување на државата Израел, изјави шефот на израелската дипломатија.

Министерот изрази надеж дека обвинението ќе биде отфрлено и кажа дека верува оти правдата ќе победи.

Во Меѓународниот суд на правдата во Хаг, почнаа рочиштата по тужбата на Јужна Африка за извршен геноцид од Израел врз Палестинците во Газа, со изнесување на аргументите на правните застапници на Израел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.