Шефицата на ММФ Кристалина Георгиева денеска ги предупреди претставниците на Г20 да преземат итна акција за борба против инфлацијата, предупредувајќи дека „екстремно неизвесната глобална економска перспектива може да се влоши ако продолжат повисоките цени“.
Говорејќи на состанокот на финансиските претставници на Групата 20 големи економии во Индонезија, Георгиева рече дека ескалацијата на руската војна во Украина го зголеми притисокот врз цените на суровините и енергијата, а глобалните финансиски услови се влошуваат повеќе од очекуваното.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.