Украински официјални лица тврдат дека руските сили го гранатирале јужниот украински град Никопол, што е последно гранатирање на градски области, при што, наводно загинале најмалку 37 луѓе, а многу биле ранети во последните три дена.

Украинските служби за итни случаи соопштија дека две лица се ранети, а две се затрупани под урнатините во Никопол, кој се наоѓа на реката Днепар.

Руски ракети го погодија градот Днипро, околу 120 километри северно од Никопол, доцна во петокот, при што загинаа три лица, а беа ранети 15 – напиша гувернерот на провинцијата Валентин Резниченко на Телеграм.

Тој додава дека ракетите погодиле индустриска фабрика и улица во близина.

Руските сили, во текот на ноќта, го нападнаа и североисточниот украински град Чугуив во областа Харков, при што загинаа три лица, меѓу кои една 70-годишна жена, а беа ранети уште три.

 

Во нападот се оштетени станбен блок, училиште и продавница, а спасувачките екипи ги прегледуваат урнатините – објави гувернерот Олег Синегубов на Телеграм.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.