Три експлозии одекнале во машко училиште во населба во Кабул, која е претежно населена со шиитски Хазари. Во нападите загинале најмалку шест лица.

Има жртви меѓу нашите браќа шиити, напиша на Твитер портпаролот на полицијата Халид Задран, не наведувајќи никакви детали.

Очевидец за „Франс прес“ раскажува дека три експлозии го потресле училиштето Абдул Рахим Шахид во западниот кварт на градот Дашт-е-Барчи, во моментот кога учениците излегувале од училницата.

Малцинските Хазари со векови се маргинализирани и прогонувани во претежно сунитскиот Авганистан.

Нивната населба во Кабул во последно време е редовна мета на ИСИС-К, регионалниот огранок на Исламската држава (ИД).

Талибанците тврдат дека ги потиснале нивните акции, но аналитичарите оценуваат дека оваа екстремистичка група сè уште претставува голем предизвик за новата авганистанска влада.

Безбедносната ситуација во земјата е подобрена откако Талибанците дојдоа на власт и повлекувањето на американските војници по 20 години окупација, но сè уште има напади за кои е одговорен ИСИС-К.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.