Светска банка ја намали прогнозата за глобалниот економски раст поради војната во Украина.

Претседателот на Советот на министри, Дејвид Малпас, објави дека банката ја намалила прогнозата за раст за 2022 година од 4,1 отсто на 3,2 отсто, при што забавувањето на растот е главно во Европа и Централна Азија.

Претходно овој месец, институцијата соопшти дека економијата на Украина ќе се намали за речиси половина оваа година како резултат на војната.

Малпас предвидува дека руската воена акција ќе предизвика поголема економска штета во Источна Европа и делови од Азија отколку пандемијата на корона вирусот.

Конфликтот во Украина затвори половина од бизнисите на земјата и го намали извозот. Банката досега испрати речиси една милијарда долари помош за Украина и вети уште две милијарди долари во наредните месеци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.