Министерството за одбрана на Русија соопшти дека рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, извршил инспекција на руските војници во Украина.

На командните пунктови на руските единици, армискиот генерал Сергеј Шојгу ги слушаше извештаите на командантите за моменталната состојба и акциите на руските вооружени сили во главните оперативни области – се вели во соопштението на Министерството, пренесува РИА Новости.

Според агенцијата, не е објавено местото каде што престојувал Шојгу.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.