Полицијата во Барселона соопшти дека наредила евакуација на централната метростаница во градот, Плаза Каталонија, поради сомнителен предмет.

Претставник на полицијата на шпанската автономна област Каталонија, соопшти дека чувар слушнал звук на отчукување од канта за ѓубре и кабли, поради што е затворена метростаницата и распоредени се деминери.

Работиме на метро-станицата Плаза Каталонија откако добивме пријава за сомнителен предмет. Нашите специјалисти ги вршат потребните проверки за да се гарантира безбедност на местото, објави полицијата на Твитер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.