Премиерот на Словачка Роберт Фицо, денеска бил застрелан во Хандлова, каде што се одржувала седницата на владата.

Според првичните информации, Фицо по седницата излегол пред Домот на културата каде ги поздравувал луѓето и во тој момент се слушнале истрели, јавува Гардијан.

Според информациите, премиерот бил застрелан со неколку истрели во градите и стомакот.

Тој е префрлен со хеликоптер во болница во Братислава.

Напаѓачот е уапсен на лице место.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.