Сопственикот на кучето Сила, двеиполгодишен доберман, се изненадил кога видел не едно туку четири кучиња како излегуваат од урнатините на зграда во јужната турска провинција Хатај, 28 дена по земјотресот.

Кадир Кејфли вели дека побарал од локалните спасувачи да му помогнат да го извлечат неговото куче од урнатините, но никој не можел да пристапи.

„Мејако“, регионален тим за спасување животни, дошол на помош во понеделникот. По неколкучасовна работа успеале да стигнат до подрумот каде што било заробено кучето Сила.

Видоа дека таа не само што преживеа речиси еден месец, туку во меѓувреме роди и три кученца“, раскажува Кејфли .

Тој вели дека Сила преживеала и се породила благодарение на големата кеса со храна за кучиња оставена во подрумот.

Сила и кучињата се пренесени на лекување во Адана. Спасувачите велат дека е слаба, но може сама да се движи.

Земјотресите што ги погодија Турција и Сирија минатиот месец однесоа речиси 52.000 животи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.