Израелски војници утринава убиле тројца вооружени Палестинци, кои нападнале пункт на армијата на окупираниот Западен Брег. Во соопштението на израелската армија се нагласува дека четвртиот напаѓач е приведен откако се предал.

Инцидентот се случил во близина на градот Наблус, во северниот дел на Западниот Брег.

Не сметајќи го денешниот инцидент, најмалку 75 Палестинци се убиени од страна на израелската војска за време на воени напади и други судири од почетокот на годината. Од почетокот на годината, најмалку 14 Израелци се убиени во палестински напади.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.