Шангај денеска внимателно продолжи со спроведување на плановите за реактивирање на дел од мрежата на јавен превоз како голем исчекор кон надминување на повеќенеделниот локдаун на градот, воведен поради брзото ширење на коронавирусот, додека во Пекинг е продолжена жестоката борба против ширењето на вирусот, што трае веќе еден месец.

Затворањето во Шангај од почетокот на април му зададе тежок економски удар на овој најнаселен кинески град, ја почна дебатата за одржливост на националната политика на нулта толеранција кон Ковид-19 и ги поттикна стравувањата од идни затворања и нарушувања, пренесуваат британските медиуми.

За разлика од финансискиот центар Шангај, во Пекинг, пак, локалните власти се воздржаа од воведување карантин низ градот, забележувајќи десетици нови случаи дневно во споредба со десетици илјади потврдени во Шангај во екот на епидемискиот бран.

Меѓутоа, затворањата и бескрајните масовни тестирања наметнати во Пекинг лошо влијаеја врз економијата и ги променија животите на граѓаните на главниот град.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.