„Њујорк тајмс“ ги повлече своите дописници од Русија, по што, за првпат по повеќе од еден век, весникот ќе нема дописници од оваа држава.
Многу тажен ден за историјата на „Њујорк тајмс“ во Москва. Ги повлековме сите дописници од земјата. Таму, имавме новинари постојано од 1921 година, со еден или два кратки прекини поради пречки со визата. Ниту Сталин, ниту Студената војна, ништо не нè избрка – напиша на Твитер, поранешниот шеф на бирото на весникот во Москва, Нил МекФаркухар.
Весникот информираше дека се повлекува од Русија, поради новиот закон во Русија, со кој како кривичо дело се карактеризира ширењето невистини и лажни вести за случувањата во Украина.
Прекршителите се соочуваат со казна затвор и до 15 години – се наведува во објавата на Твитер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.