Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс повтори дека Кина „ќе се соочи со сериозни последици“ доколку обезбеди материјална поддршка на руските воени напори во Украина, но дека Вашингтон сè уште не видел дека Пекинг ѝ пружа таков вид помош на Москва.
Кинескиот лидер Си Џинпинг вчера изјави дека неговата влада ги поддржува преговорите за решавање на меѓународните спорови, но се противи на употребата на санкции.
Досега Пекинг ја поддржуваше Москва и одбиваше да го нарече конфликтот инвазија, тврдејќи дека Русија била испровоцирана од проширувањето на НАТО.
Сепак, официјалната новинска агенција Ксинхуа го цитираше Си кој вели дека Кина останува „посветена на почитувањето на суверенитетот и територијалниот интегритет на сите земји, поддржувајќи го немешањето во внатрешните работи и почитувајќи ги независните одлуки за развојните патеки и социјалните системи донесени од луѓе во различни земји“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.