Aмериканската државна секретарка за финансии, Џeнет Јелен, предупреди дека европската забрана за увоз на руски гас и нафта носи ризик од зголемување на цените на енергенсите во светот.

Јелен ја повика Европа да ја намали својата зависност од руски енергенси без „казнување на целата планета“.

Треба да бидеме внимателни со целосната европска забрана за увоз на нафта.

 

Ако можеме да најдеме начин да го направиме тоа без да ѝ наштетиме на целата планета со зголемување на цените на енергенсите (што произлегува од тоа), тоа би било идеално, тоа е прашањето за кое се обидуваме да размислуваме заедно.

 

Европските земји се обидуваат да ја намалат зависноста од увезената руска нафта и гас за да ја казнат Русија за инвазијата на Украина. Но, тоа јасно ќе ги зголеми светските цени на нафтата и тешко ќе ја погоди Европа и другите делови од светот – порача Јелен на прес-конференција во Министерството за финансии.

Сепак, таа потврди дека продажбата на нафта и гас е важен извор на приход за Русија и дека би било многу корисно да се најде начин да се намалат руските приходи.

Во случајот со нафтата и природниот гас, ситуацијата во Европа е јасно поинаква од онаа во САД. Ние го забранивме увозот на сите видови руски енергенси, но ние увезуваме многу малку од Русија. Тоа не е случај со Европа – вели Јелен, оценувајќи дека е јасно дека Европа на среден рок треба да ја намали енергетската зависност од Русија.

Во 2021 година, Русија обезбеди 30 отсто од нафтата и 15 отсто од нафтените продукти купени од ЕУ.

На 8 април ЕУ одлучи да го прекине купувањето јаглен од Русија, ембарго кое стапува во сила на почетокот на август, 120 дена по објавувањето на новиот пакет санкции во официјалниот весник на Унијата



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.