Соединетите Американски Држави и’ префрлија на Естонија речиси 500.000 долари од запленетите руски средства за да и’ помогнат на Украина, соопшти денеска американското Министерство за правда.
Ова е прв ваков трансфер на средства од Соединетите Американски Држави на странски сојузник со цел директна помош за Украина. Конфискуваните средства се префрлаат во Естонија бидејќи сегашните околности не дозволуваат тие да бидат директно префрлени во Украина, се вели во соопштението.
Се додава дека Естонија ќе ги искористи овие средства за проект поврзан со поправка на електродистрибутивните и преносните системи на Украина кои, како што се наведува, биле нападнати од руски војници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.