Американската влада очекува кампањата на Израел против Хамас во Појасот Газа да влезе во нова фаза во наредните денови, се наведува во извештај на американски медиуми.

„Си-Ен-Ен“, цитирајќи висок владин функционер во Вашингтон, објави дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден очекува намалување на воздушните напади и посилен „тактички фокус на копнената кампања“.  Официјалниот претставник рекол дека целта најверојатно ќе биде да се уништи огромната мрежа од комплекси на подземни тунели на Хамас.

Додека хуманитарната помош продолжува да се испорачува во Појасот Газа, американската влада очекува „намалување на она што го видовме“ во однос на масовните израелски воздушни напади, рекол изворот.

Од нападите на Хамас на 7 октомври, Израел соопшти дека нападнал повеќе од 12.000 цели. Израел ги објави своите планови да го уништи Хамас откако неговите милитанти во серија напади убија 1.400 луѓе и држат 249 заложници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.