„Засега нема индикации дека Украина или Украинци се вмешани во нападот. Ние внимателно ја следиме ситуацијата, но во оваа рана фаза сакам да ве уверам дека тоа на никаков начин не е поврзано со Украина“, рече Кирби.

На прашањето дали ова е знак дека се појавуваат пукнатини во режимот на Владимир Путин, Кирби рече: „Има луѓе во Москва и во Русија на кои им пречи начинот на кој Путин ја води земјата, но во овој момент не можеме да поврземе што се случува. Ни треба повеќе време, треба да собереме повеќе информации“.

Сите големи спортски, културни и други јавни настани кои беа најавени во Москва за викендов се откажани по масакрот во концертната сала, соопшти градоначалникот Сергеј Собјанин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.