Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, порача дека Газа мора да остане палестинска земја. Кирби додаде дека САД се противат на намалување на територијата на енклавата откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ќе се случи такво нешто.
Нетанјаху вчера му кажал на американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека Израел ќе воспостави безбедносна тампон зона „длабоко“ во Газа.
Не поддржуваме никакво било намалување на географските граници на Газа. Газа мора да остане палестинска земја и не може да биде намалена, изјави Кирби во обраќање до јавноста.
Некои медиуми, претходно јавија дека Израел информирал неколку арапски земји дека сака да воспостави тампон зона на палестинската страна од границата по завршувањето на војната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.