Пентагон објави нов долгорочен пакет помош за Украина од 600 милиони долари, со кој ќе се финансира различно оружје и друга опрема.

Одлуката за нов помош доаѓа само еден ден откако државниот секретар Ентони Блинкен ја посети земјата и вети една милијарда долари во нова воена и хуманитарна помош.

Американското Министерство за одбрана соопшти дека пакетот помош ќе дојде преку Иницијативата за безбедносна помош во Украина, која обезбедува пари за долгорочни договори за оружје што треба да го направат или модифицираат воените компании.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.